246
Состојки:
– 4 јајца
– 1 лажичка сечкан магдонос
– 1/2 кромид
– 4 кришки тост
– 1 домат
– масло
– сол
– кечап
– кашкавал
Подготовка:
Јајцата се матат, па се додаваат ситно сечканиот кромид и магдоносот. Измешајте сè.
На тавче пропржете го тостот.
Исечете ги доматите на еднакви парчиња.
Јајцата истурете ги во претходно подмачкана и загреана тава, пржете една минута, посолете по желба, одозгора ставете две кришки тост и завиткајте ги рабовите на омлетот.
Кога рабовите на омлетот ќе се залепат за тостот, намачкајте го кечапот. Врз кашкавалот ставете два листа кашкавал, потоа парчиња домат и покријте ги со две кришки тост.
Внимателно пресечете го омлетот на половина по ширина, секоја половина пресечете ја произволно дијагонално.