Омлет со модар патлиџан, добар предлог за појадок.
Состојки:
– 1 модар патлиџан со средна големина
– 3 лажици путер
– 1 поголем кромид
– 2 чешниња лук
– 1 поголем домат
– 4 јајца
– ½ лажичка сол
– ½ лажичка бибер
– ½ лажичка морско оревче
Подготовка:
Целиот модар патлиџан се пече на скара или во рерна загреана на 200 степени околу 20 минути, додека не омекне.
Оставете го да се излади, а потоа излупете го и исечете го на мали парчиња.
Доматот исечете го на коцки.
Во тавче растопете го путерот и врз него пропржете го ситно сечканиот кромид.
Додадете исечен лук и модар патлиџан, па динстајте уште неколку минути.
Потоа додадете ги доматот, бибер, морско оревче и сол и динстајте уште пет минути.
Јајцата се матат, се посолуваат, се истураат во тавата и се оставаат да се запечат.
Омлетот послужете го со тост леб.