Предлог за појадок: Oмлет со спанаќ

од Stefanija Kuzmanovska
272 прегледи

Состојки:

– 6 јајца

– 6 лажици млеко

– 500 гр спанаќ

– 1 главица кромид

– 2 чешниња лук

-1 лажица пармезан

– масло

– сол, бибер

Подготовка:

Исчистениот и добро измиен спанаќ ставете го во зовриена посолена вода и варете неколку минути додека малку да омекне, па процедете го.

Ситно сечканиот кромид кратко пропржете го на малку масло додека да стане стаклен, додадете ги спанаќот и издробениот лук, четири лажици млеко и динстајте неколку минути со мешање.

Зачинете со сол и бибер по вкус.

Јајцата убаво изматете ги со две лажици млеко, посолете и побиберете по вкус, па од оваа маса направете два омлета и ставете ги во чинија.

Врз секој омлет ставете половина од спанаќот, посипете со пармезан, преклопете и послужете веднаш.

Слични содржини