Состојки:
(за 3 лица)
– 3 поголеми или 6 помали свински кременадли без коски
– 3 чешниња лук
– мешавина од зачини од мајчина душица, оригано, босилек, лук во прав, сол и бибер
– 4-5 лажици путер
– сок од еден лимон
– малку рендана кора од лимон
– 1/4 шолја бело вино
– морска сол
– мајчина душица
– свежо мелен бибер
– павлака по желба
Подготовка:
Измиеното и исцедено месо посипете го со мешавина од зачини, натапкајте полека и пржете на половина од количината путер, загреан на средна температура, околу 6-7 минути од секоја страна страна.
Испржените кременадли се вадат на чинија и се покриваат да не се изладат.
Во тавата додадете вино, сок од лимон, кора од лимон, лук, малку мајчина душица, сол и бибер, намалете ја топлината, вратете го месото и динстајте околу 15-20 минути со едно вртење.
Повторно извадете го месото, додадете го преостанатиот путер, по желба малку павлака, оставете да зоврие, намалете ја температурата и гответе кратко додека не се згусне.
Со сосот прелијте ги испржените кременадли и послужете ги со прилог и салата по желба.