229
Состојки:
– 200 гр моцарела
– грст босилек
– сол, бибер
– лук во прав
– маслиново масло
– 2 домата
– 500 гр пилешки гради
Подготовка:
Исечете ги пилешките гради така што ќе се добие џеп во кој ќе го ставите филот. Зачинете ги со сол и додадете малку лук во прав. Моцарелата и доматите исечкајте ги на прстени.
Наполнете го пилешкото со босилек, моцарела и домати. Плехот за печење намачкајте го со маслиново масло и во него ставете ги полнетите пилешки гради. Прелијте ги со уште малку маслиново масло.
Одозгора ставете уште моцарела и печете на 180 степени околу 25 минути.