Предлог за ручек: Посни тестенини

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Состојки:

– 250 гр посни шпагети

– 150 гр млад спанаќ

– 100 гр печурки (шампињони, на пример)

– 2 чешниња ситно сечкан лук

– 50 мл сос од домати

– сол, бибер

– оригано

– препечен сусам

– 1 лажица соја сос (посен)

Подготовка:

Прелијте ги шпагетите со вода и ставете ги во тенџере да се варат.

Прелијте го спанаќот со топла вода и оставете го да омекне неколку минути. Печурките исечкајте ги на коцки, а потоа ситно исечкајте го лукот и ставете го во тава.

Спанаќот исцедете го и исечете го на ленти, па додајте го во тавата. Потоа додадете сол, бибер, оригано и соја сос, па прелијте со сосот од домати.

Додадете го сусамот, па промешајте да се соединат сите состојки, варете околу три минути.

Сварените шпагети исцедете ги и додајте ги во сосот, поклопете минута-две и послужете.

Слични содржини