Предлог за ручек: Сочни свински ребра со бело вино

од Stefanija Kuzmanovska
286 прегледи

Состојки:

– 1 кг свински ребра

– 100 мл бело вино

– една лажица суви зачини

– 3 чешниња лук

– 3 лажици маслиново масло

– сол

– бибер

– 0,5 кг компири

– 2 моркова

Подготовка:

Ребрата измијте ги, исушете ги и посолете и побиберете. Оставете ги 10 минути. Во меѓувреме загрејте ја рерната на 200 степени.

Ставете го месото во подмачкан плех, посипете ги со зачини и ситно сечкан лук, па прелијте го со белото вино, покријте го со алуминиумска фолија и ставете го да се пече. Кога ребрата ќе бидат половина печени, додадете го сечканиот зеленчук.

Слични содржини