Предложивме законски измени, мора поголеми плати за сите, вели Мицкоски

од Берта Китинска
215 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христиојан Мицкоски, на прес-конференција, истакна дека не се завршува работата со едноставно зголемување на мининалната плата туку со опсежно зголемување на платите кои мора да бидат усогласени со коефициентот на сложеност на работната сила, а тоа, вели, подразбира почитување на постигнатата согласност со синдикатите и колективните договори кои се во сила.

Согласно ова барање, посочува, ако работник досега имал плата 15.200 денари а сега треба да има 18.000 денари, со нивелирање на платите, на пример наставник – приправник наместо сегашните 22.764 денари ќе зема 41.256 денари. Во средните училишта, професорите наместо сегашните 25.838 денари нето плата би требало да земаат според предлогот кој што го даваат 45.594 денари.

-Ова е во суштина предлогот на амандманот кој што денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави и очекуваме од страна на Владата, од страна на парламентарните партии да биде прифатен затоа што секој заслужува подобро да живее и без разлика на тоа во кој дел на администрацијата имаме вработен, државата, Владата треба да покажат одговорност и сериозност и да ги усогласат преку личен пример овие коефициенти, односно примањата на вработените во државната и јавна администрација, рече Мицкоски.

За ова барање, додаде тој, партијата бара поддршка и од работниците, синдикатите и од пошироката јавност.