323
Предноста на третата доза вакцина против коронавирус за имунолошки загрозените и многу старите лица е очигледна, но тоа не е толку јасна за помладата популација, изјави вчера шефот на Германскиот советодавен одбор за вакцини, Томас Мертенс.
Одборот, познат и како СТИКО, се уште работи на третата доза на вакцината за различни возрасни групи кои не се во категоријата со најголем ризик, рече Мартенс, пренесува Ројтерс.
„Потешкото прашање е кога здравите луѓе во нашата земја кои се во возрасна група помеѓу 18 и 59 години повторно ќе се вакцинираат. Тешко е да се процени ситуацијата со податоците“, рече Мертенс на прес-конференција.