Повеќето жени копнеат за висок и крупен човек, но на крај завршуваат со ситен партнер.
Постепено тие откриваат дека не е толку лошо да имаш до себе помал маж, а дури има и некои неспорни предности.
Еве и кои се тие:
1.Ќе си заштедите доста болка во нозете
Ниските жени често не се разделуваат со високите чевли, бидејќи сакаат да изгледаат подобро до мажот до себе. Ако тој сепак е со понизок раст, можат да се поштедите од оваа непријатност во повеќето случаи.
2. Селфијата ви се одлични
Не се наметнува да се правите мајстори на фотошоп и да ја сечете и обликувате сликата за да изгледате убаво. Сличниот раст ве прави пропорционални на секој кадар и имате слобода да изберете и нетрадиционални пози за селфито.
3. Тој има одлична смисла за хумор и самоиронија
Ниските мажи се свесни добро за растот и често се шегуваат со тоа без грижи.Сопствениот “недостаток” им овозможува рано да развијат добра смисла за хумор.
4. Гардероберот ви се зголемува
Машката облека е удобна и дури секси. Ако имате сличен раст, може повремено да украдете некој од неговите додатоци и да ја надополните облеката на оригинален начин.
5. Сексот во бањата е одличен
Деловите на телото ви се на исто ниво што ви овозможува да го користите било кое место за да се занесете во страст. Сексот во исправена положба станува неколку пати поудобен, кога тој не е висок.
6. Не само нозете, туку и вратот ви се чувствува одлично
За да го бакнете, треба само да се доближите до него без да го издолжувате вратот како жирафа.
7. Има повеќе место за вас на каучот и во кревет
Пониските мажи во целина се поситни, а тоа значи и повеќе простор за вас во креветот, софата, и другиот мебел.
8. Тој е самоуверен и секси
Пониските мажи се навикнати да го коментираат растот и тоа им овозможува да развијат имунитет за некои коментари и да стекнат доверба во други насоки.
Тој поседува самодоверба, но истовремено со тоа не е некаков заљубен во сам себе мачо кој ќе ви се занесува.