ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Презел погрешна апликација од App Store и останал без пари!

од Берта Китинска
414 прегледи

Продавниците за паметни апликации нудат неколку различни апликации што можат многу да ни го олеснат животот. Но, меѓу илјадниците легитимни апликации, постоја и  многу лажни

Ова на своја кожа го почувствува Филип Кристодолу, кој сакаше да ја инсталира апликацијата за Трезор на неговиот iPhone, мал УСБ-уред кој служи како паричник за крипто-валути. Тој ја пронајде апликација што го имаше логото на таа корпорација. Апликацијата имаше скоро пет sвезди, па Кристодолу избра да ја преземе и да ја инсталира на својот уред, пренесува Далмација Данас.

Но, за да види колку има во неговиот виртуелен паричник за крипто-валути, тој мораше да внесе кориснички податоци во апликацијата.

За помалку од една секунда, неговите 17,1 биткоин, кои во тоа време вредеа околу 600 илјади американски долари, исчезнаа од неговиот паричник.

Како што се покажа подоцна, апликацијата е лажна и е создадена само со една цел – да ограби луѓе кои мислат дека инсталирале легитимна апликација.

Слични содржини