Доколку украинската страна не го почитува прекинот на огнот за време на прославата на 80-годишнината од Големата победа, одговорот ќе биде итен, изјави гувернерот на Херсонската област, Владимир Салдо.
„Одлуката на претседателот (на Русија Владимир Путин) за прекин на огнот во чест на Големата победа е знак на почит кон подвигот на нашиот народ. Ова е чекор на силните, кои се уверени во својата праведност. Но, важно е да се разбере: ние сме подготвени да го почитуваме прекинот на огнот само под услов и непријателот да се придржува до него. Доколку режимот во Киев продолжи со гранатирањето, ќе следи итен одговор“, изјави Салдо за „Спутник“.
Како што изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги заканите на Зеленски за „болните точки“ на Русија и фактот дека Москва е „со право загрижена“ за парадата по повод 80-годишнината од Победата, „Володимир Зеленски со својата екстремистичка банда ги поткопува мировните напори“.