34
Неколку кантони во западна Швајцарија предупредија на опасностите од „Парацетамол предизвикот“ што младите се почесто го изведуваат на социјалната мрежа TikTok.
Како дел од „предизвикот“, младите и децата се предизвикуваат меѓусебно да земаат високи дози од аналгетикот парацетамол, често со фатални последици, објави Swissinfo.
Здравствените власти во кантоните Фрибург, Јура и Вауд предупредија на ризиците од оваа практика и ги повикаа аптеките да бидат повнимателни кога го продаваат лекот на млади луѓе.