194
Во сабота се очекува средба меѓу украинскиот претседател Зеленски и папата Франциско. Според дипломатски извори за западни медиуми средбата ќе се случи оваа сабота во Ватикан.
Планираното патување, кое не е официјално објавено, би се реализирало само две недели откако поглаварот на Римокатоличката црква изјави дека учествува во мировна мисија за ставање крај на конфликтот меѓу Русија и Украина. Папата не даде детали за иницијативата.
Во моментов нема коментар од украинска страна за евентуалната посета.
Италијански дипломатски извор потврди дека Зеленски би можел да дојде во Рим викендов и да се сретне со премиерката Џорџа Мелони.