Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната изјава на новинарско прашање дали може да се очекува предвремени парламентарни избори, како и дали има преговори со други партии, истакна дека разговори се во тек и со опозициони и со партии од власта кои треба да размислат дали сакаат да бидат дел од најкорумпираната и најкриминална власт, како и дека предвремените парламентарни избори и се потребни на земјава, а единствен логичен термин би бил заедно со локалните избори.
„Јас тоа го зборувам цело време и стојам на тој став дека предвремени парламентарни избори и се потребни на Македонија и единствен логичен термин да не правиме дополнителни трошоци се и локалните избори. Мислам дека тоа треба да се случи и работиме на тоа да се случи, а претходно треба да дојде една влада која што ќе подготви рамен терен за тие предвремени парламентарни, локални избори. Така што да ВМРО – ДПМНЕ води разговори и со парламентарни опозициони партии, но и со парламентарни партии кои што се дел од власта, така што кога ќе имаме мнозинство во рамките на парламентот тогаш ќе излеземе во јавноста и тоа мнозинство ќе го презентираме, изјави Мицкоски.