Едно лице го загубило животот во тешката сообраќајна несреќа што вечерва се случила на излезот од Охрид на магистралниот пат кон Битола.
Според првичните информации, повозрасно лице бил прегазено од моторно возило „Ауди” со охридски регистарски таблички на коловозот кај село Лескоец, што се наоѓа на самиот излез од Охрид кон Ресен и Битола.
Во тек е увид, а повеќе детали за немилиот настан СВР Охрид најави за утре.