Прегазен пешак во Драчево

од Nikola Popovski

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Ромен Ролан“, во скопската населба Драчево, патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(53) од Скопје, удрило во З.А.(36) од Скопје.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини