Прегазен старец во Аеродром

од Берта Китинска
305 прегледи

Вчера во 10:30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Методија Шаторов Шарло“ и ул.„Милан Зечар“ патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот М.Ш. од Скопје, удрило во 79-годишниот пешак С.З. од Скопје.

-Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – соопшти полицијата.

Слични содржини