Прегазена малолетничка

од Milan1

Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Слични содржини