Во две одделни сообраќајни незгоди прегазени се пешаци, во Гостивар и во Стајковци, при што едниот починал, соопшти полицијата.

Во четвртокот, во 13:40 часот било пријавено дека во Гостивар, на улица „Браќа Ѓиноски“ товарно моторно возило „Мерцедес“ со приколка со гостиварски регистерски ознаки, управувано од А.Т.(51) од Гостивар, удрило во пешакот П.Ц.(65) од Гостивар. Од здобиените повреди на местото на настанот починала П.Ц. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот.
Истиот тен, во 16:15 часот било пријавено дека на улицата “1“ во село Стајковци, скопско патничко моторно возило “Фиат стило“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.Т.(55) од село Бунарџик, скопско удрило во пешак З.П.(56) од село Стајковци, скопско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле и две сопатнички во возилото М.Т.(30) и И.Н.(75) двете од село Булачани, скопско констатирани од страна на лекар од Комплекс клиники “Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.