Преговарачите со касапите во “Батаклан” проговорија за крвавата ноќ!

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Терористите биле нервозни, френетични и збунети

позарник

Напаѓачите, кои упаднаа на 13 ноември во париската концертна сала “Батаклан” биле многу “нервозни, френетични и збунети”.Така главниот преговарач на Бригадата за пронаоѓање и интервенција на француската полиција ги опишува а двајцата бомбаши Омар Исмаил Мостефаи и Сами Амимур кои меѓу 21:40 часот и 00:18 часот биле забарикадирани во коридорот  на концертната сала, јави  BFMTV.

Помеѓу 23:27 во петок и 00:18 часот во сабота, кога е започнат полицискиот напад против терористите, Паскал се слушнал пет пати со напаѓачите по телефон. Најверојатно тоа биле Мостефаи и Амимур, а можеби и третиот се уште неидентификуван напаѓач. “Оној со кого преговарачот , зборуваше француски без акцент,  доаѓа од провинција”, вели Паскал. На другиот крај на линијата може да бил Мостефаи кој живеел во Чартерс на 100 километри од Париз”. Заради една подробност Паскал, кој водел и преговори со Амеди Кулибали во јануари, е убеден дека напаѓачите биле на обука во Сирија. Тие се претставуваат како “војници на калифатот”, или уште “Исламска држава”, како што ги нарекуваат западните медиуми.pariz-napadi44 (1)

“Тие повторуваа исти реченици. Ние сме војниците на калифатот. За сè е виновен Оланд. Вие нападнеавте  жени и децата  во Сирија. Ние се браниме, така напаќааме  жени и деца во Франција “, се сеќава тој.” Во тој момент тие сакаа само да се блокираат “, објаснува Жорж Сали – втор преговарач во бригадата. Во тоа време Паскал ги прашува киднаперите дали ќе ги пуштат жените и децата, додека неговите колеги се обидуваат да обезбедат колку што можат излезите од салата.Одговорот кој преговарачот го  слуша, е “ќе видиме”. Напаѓачите беа “нервозни, френетични и збунети”, но по третиот повик тие веќе не се закануваат да обезглавуваат по  ред или да фрлаат заложници низ прозорците. “Имав чувство дека почнуваат да се враќаат кон реалноста”. Часот е 23:48.

pariz-napad-pukotnici-teroristicki-napad-novo-top-02“Иако мојата главна мисија е да ги натерам киднаперите да се предадат, тогаш разбирав дека тоа нема да се случи”, вели Паскал, кој малку порано ја видел кланицата во концертната сала. Очекување му се потврдува кога две колони на бригадата влегуваат во ходникот, каде двајцата терористи држат 20 заложници. Третиот од групата напаѓачи е убиен во приземјето. 80-pound штит на полицајците е ишаран како сито, но заложниците сепак успеваат да се сокријат зад него.Тогаш куршум активира половина од појасот со експлозив на едниот терорист, другата половина ќе биде деактивирана  подоцна. Последниот напаѓач исто експлодира. Во продолжение на над 1 час тензии останува огромен број заложници кои – полицајците треба да ги ослободат, но најмногу да ги совладате заложниците, кои се скриени во најстрогите катчиња на сала “Батаклан”. Целата акција завршува со голем број жртви кои го потресоа светот, и предизвикаа објавување на војна спрена Исланската држава и зголемена будност во борбата против тероризмот во релиси сите држави во Европа и САД.