Преговори меѓу Путин и Зеленски? Ако претседателот на Украина се прашува – ДА: „Русија започна, Русија мора да ја заврши војната!“

од Весна Петровска
14 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ја повтори својата понуда да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и да преговара за крај на војната во Украина.

„Украина никогаш не ја сакаше оваа војна и Русија е таа што мора да ја заврши војната што ја започна“, напиша Зеленски во објава на Телеграм.

Во понеделник вечерта, Зеленски објави дека на состанокот со руската делегација во среда, 23 јули, украинската делегација ќе ја предводи поранешниот министер за одбрана на земјата, Рустем Умеров, кој сега е секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека „потребна е многу работа пред детално да се разговара за можноста за средби на високо ниво, а во својата изјава не прецизираше датум за разговорите во Истанбул“.

– Немаме причина да очекуваме некакви магични пробиви, тоа е тешко возможно во сегашната ситуација – рече Песков.

Путин ги отфрли претходните понуди на Зеленски за средба лице в лице со цел да се стави крај на најголемиот конфликт во Европа по Втората светска војна.

Слични содржини