Преговорите меѓу руската и украинската делегација се закажани за понеделник во 13:00 часот во Чираг палатата во Истанбул, објави извор од турското Министерство за надворешни работи. Ова ќе биде втора средба по трите години пауза откако претставниците на Москва и Киев првпат се сретнаа на 16 мај во Истанбул. Тогаш двете страни се договорија за размена на голем број затвореници – по 1000 од секоја страна, како и за подготовка на план за можно прекинување на огнот во иднина.
Размената на затвореници веќе е извршена. Украинската делегација ќе ја предводи министерот за одбрана Рустем Умеров, а Киев ќе предложи нов нацрт-мировен договор. Во него се бара отсуство на ограничувања за украинските вооружени сили, неприфаќање на меѓународно признавање на ослободените територии како дел од Русија и исплата на репарации.
Русија, пак, ќе го претстави својот меморандум со предлози кои ги опфаќаат сите главни аспекти за решавање на конфликтот. Руската делегација ќе биде составена од помошникот на претседателот Владимир Медински, заменик-шефот на Министерството за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција за разузнавање Игор Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин. Украина исто така побара средба на шефовите на државите како дел од преговорите.