Шефот на украинската делегација во Контакт-групата за Донбас, Леонид Кравчук, даде предлог преговорите да се преселат од Минск, каде што се одвиваа пред избувнувањето на пандемијата на коронавирусите, во Полска. Како што вели тој, Минск повеќе не може да биде место за преговори затоа што не е демократска земја и зависи од Русија.
„Јас би ја предложил Полска од поранешниот социјалистички блок. Бидејќи нема да има прашања. Ние и Полска не сме биле секогаш пријатели и затоа никој нема да каже дека Полска е вечен, верен пријател на Украина. Тоа би било нормално. Постојат многу земји надвор од социјалистичкиот блок. Мора да биде неутрална земја, демократска земја, не може да биде Белорусија во секој случај, бидејќи, од устата на Лукашенко, се кажуваат многу грди, па дури и непристојни работи на штета на Украина, тоа е под руска контрола“, рече Крачук во изјава за ТВ „Украина 24“.
Кравчук претпоставува дека Русија нема да се согласи со трансфер на преговорите во друга земја, затоа што е проблематично претставниците на самопрогласените републики во Донбас да се однесат во друга земја.
За себе вели дека нема да замине во Минск и дека е подготвен да ја напушти функцијата доколку му биде понудено да води преговори во белоруската престолнина.
Да потсетиме, состојбата во Донбас се влоши на крајот на февруари. Размената на оган се бележи во регионот практично секој ден, вклучително и со употреба на минофрлачи и фрлачи на гранати. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за влошување на ситуацијата.