Преговорите за Сирија: кој што сака!

од desk3
80 прегледи

Периодичното продолжување на преговорите за прекин на војната во Сирија добиваат нов импулс со тековната дипломатска средба во Виена. Иран, кој на сириска територија води регионална војна со Саудиска Арабија, присуствува за прв на преговорите со САД, Русија, Турција и другите земји. Агенција “Блумберг” претставува накратко што сака секоја од страните.

71b3848b21e73749a97d0e8453516aa8

Русија

Руската воена кампања во Сирија – најголемата надворешна од поранешниот Советски Сојуз за неколку децении – го подигне залогот во конфликтот. Руските воздушни напади ги засилија позициите на армијата на сирискиот претседател Башар ал Асад, како и на самата Москва. Така на пример САД ја повлекоа жалбата против учеството на Иран (кој исто како Русија го поддржува Асад) во мировните преговори. Кремљ сега сака преоден период во кој Башар Асад или неговите сојузници ќе ги задржат доминантните позиции, додека Турција, САД и други држави сакаат тој да се повлече. Претставници на Кремљ тврдат дека клучен приоритет е да се осигура дека Сирија нема да западне во хаос како оној во Ирак, што би било пораз и за самата Русија.

САД

Барак Обама се обидува да ка користи руската воена интервенција како обиколен начин за решавање на својата дилема за Сирија: инсистира на повлекување на Асад, притоа не сака воени дејствија против него. Потребата од политичко решение беше нагласено од САД оваа недела во врска со учеството на Иран во преговорите. Во исто време Пентагон ги засилува операциите против милитантите од “Исламска држава” во Сирија и Ирак.

Европската унија

Сирија е извор на бегалска криза која ја потресе Европската унија фундаментално и стави сериозни прашалници за судбината на лидерите, вклучувајќи и за германскиот канцелар Ангела Меркел. Европски претставници велат дека разликте меѓу земјите членки може на крајот да ја принуди ЕУ да го прекине или промени Шенгенскиот договор, со кој се елиминираат внатрешните граници меѓу земјите членки. Затоа она што ЕУ сака е некој кој и да е, да ја стабилизира ситуацијата пред таа да е принудила Европа да се откаже од своите фундаментални принципи.

Саудиска Арабија

За Саудиска Арабија конфликтот не е само за Сирија. Кралството и неговите сунитски сојузници се инволвирани во конфронтацијата со шиитски Иран од Јемен до Либан. Во овој момент Саудиска Арабија сака Асад да се повлече. Саудијците исто така изјавија дека ќе ја зголемат понудата на вооружување за групите кои војуваат со сирискиот претседател, како одговор на повиците на влијателни сунитски свештеници за реакција на руската воена интервенција. Огромно количество саудиски џихадисти, најпознатиот од кои е Осама бин Ладен, отидоа во Авганистан да се борат против советските сили за време на руската интервенција таму во 1979 година, а САД и Саудиска Арабија ги снабдуваа со пари и оружје.

Турција

Турскиот претседател Реџеп Ердоган и Башар Асад своевремено беа блиски сојузници и нивните семејства се собираа заедно на празници. Ова веќе не е така и сега Анкара не сака ништо повеќе од тоа да види заминување на Асад. Дискутирање на каква и да е формула за Сирија ќе се случи само при повлекувањето на Асад, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу на 24 октомври.

Освен тоа Турција се противи на какво било решение што може да обезбеди поголема автономија на Курдите во Сирија, бидејќи стравува дека тоа ќе зајакне други курдски вооружени групи кои вршат бомбашки напади во Турција и Ирак.

Иран

Поканата за учество во овој круг од преговорите за Сирија е дипломатска победа за Иран. Техеран не сака Асад да ја загуби власта, бидејќи тоа ќе ја закани неговата способност да ги снабдува со оружје групата Хезболах во Либан, која е клучен инструмент за наметнување на иранското влијание во регионот. Иран се плаши дека падот на Асад ќе доведе до анархија и уште поголема власт на радикалните исламисти, посочуваат аналитичарите пред Блумберг . Техеран не е голем приврзаник на Асад и смета дека тој во збунувачка ситуацијата, но Иранците не гледаат друга опција.

Сириската влада

Владата на Асад не учествува во преговорите – или барем не учествува директно. Главната цел на сирискиот претседател е да остане на власт и да ја избегне судбината на либискиот диктатор Гадафи. Владата тврди дека граѓанската војна може да биде прекината само по победата над терористите, како што ги вика своите противници.

Сириската опозиција

Главната политичка опозиција во Сирија – Сириската национална коалиција (СНК) – исто така не е претставена директно на преговорите во Виена. Не се претставени и најголемите сунитски бунтовнички фракции. СНК го отфрла секое решение на кризата, што ќе им овозможи на Асад да игра каква и да е улога во преодниот период. Опозицијата го обвинува режимот за загинувањето на над 250 000 луѓе и инсистира да сноси одговорност за тоа.