Пејачката и актерка Селена Гомез веќе неколку дена ужива во присуството на италијанскиот шармер Андреа Јерволино, а се шпекулира дека меѓу нив има и нешто повеќе.
Веќе некое време уживаат во Италија – филмскиот продуцент и пејачката беа фатени на возење со гондола, а минатата недела денот го поминаа заедно на луксузна јахта.
No hate to Andrea but I think Selena didn't want that head kiss ✍🏼 pic.twitter.com/8pj61VWKnh
— ♡ (@ririlena) August 7, 2022
Селена и Андреа беа поврзувани во минатото, со навестувања дека тие се повеќе од пријатели, но никогаш не беше потврдено дека се во врска. Всушност, извор неодамна изјави дека пејачката е слободна:
– Селена моментално не излегува со некој конкретно. Поотворена е за љубов, но и многу фокусирана на себе и на својата работа. Таа е на многу здраво место, се чувствува фантастично и ментално, физички и емоционално здраво – објави Elle.
Андреа Јерволино е многу успешен продуцент, основач на повеќе компании.