Неодамна во медиумите се појави информација дека Емили Ратајковски наводно е во врска со поранешното момче на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон.
Овие шпекулации се појавија на социјалните мрежи откако двајцата беа видени како се држат за раце.
Сепак, иако потенцијалната двојка досега не се огласи во јавноста по ова прашање, на платформата Тикток се појавија фотографии кои покажуваат дека освен што поминуваат време заедно, тие се и многу блиски.
На една од сликите тие биле уловени како се гушкаат, а тоа дополнително ги подгреа сомнежите дека навистина влегле во врска.
На корисниците на социјалните мрежи им се допадна идејата, но некои коментираа дека Пит брзо ја преболел Ким Кардашијан и рано стапил во нова врска.
Инаку, Дејвидсон раскина со Ким Кардашијан пред неколку месеци, а Емили со режисерот Себастијан, со кој беше во брак четири години, се разведе пред четири месеци.