Вториот полуфинален дуел на Ролан Гарос меѓу Каспер Руд и Марин Чилиќ беше прекинат во третиот сет кога жена од публиката упадна на теренот и се врза за столб на кој е закачена мрежата.
Таа на маицата носела натпис „Ни остануваат уште 1028 дена“, а тоа е порака од еколошките движења кои предупредуваат на глобалното затоплување.
Откако таа се врзала за мрежата, обезбедувањето набрзо реагирало, а играчите поради безбедност беа отстранети од теренот.
Амели Морезмо, директорката на турнирот, набрзо се најде покрај теренот, која помогна ситуацијата брзо да се нормализира.
Паузата траеше петнаесетина минути, а потоа продолжи полуфиналето.
An invasion…
— José Morgado (@josemorgado) June 3, 2022