Прекин на железничкиот сообраќај Велес – Скопје поради кражба

од desk2
81 прегледи

Железничкиот сообраќај од Велес до Скопје синоќа бил во прекин поради обид за кражба на тегови од контактната мрежа на делот од пругата меѓу стојалиштето Драчево и стојалиштето „Јане Сандански.“

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека прекинот бил од 21:56 до 23:50 часот.