Прекинаа престрелките, се шпекулира за повредени полицајци и цивили

од Vladimir Zorba
320 прегледи
Во Куманово во моментов стивнале престрелките. И натаму нема официјални информации од МВР сите дојави се од граѓани и социјалние мрежи.Се шпекулира за повеќе повредени во кумановската болница и дел пренесени во Скопје11256197_822143241208284_919369472_o

Според неофицијални информации до кои дојдовме од граѓани очевидци на инцидентот, во акцијата која трае од рано изутрина, има тешко повредени припадници на безбедносните сили. Некои граѓани јавуваат за двајца, некои за тројца припадници на специјалните сили, кои биле префрлени на скoпксите клиники , пренесува порталот кумановски муабети. Има поголема бројка и на други лица ,з а што исто така нема официјална потврда.

Од друга страна, се шпекулира дека две вооружени  група рано изутрина го запоседнала излезот на градот пред зградата на ЗИК, по што започнала престрелка со полицијата.  Едната кај пазарот  другата во правец на полициската станица. Во обид да се повлече, групите  се дале во бекство кон т.н  Диво Насеље населба на излез од Куманово , каде била сузбиена.

Дали има повредени лица од вооружената група се уште е непознато. Во моментот нема пукање во градот и засега е мирно.

Вчера беа лиферувани информации дека има криминални банди кои дошле од косовска страна и заедно со локални криминалци сакаат да прават инцидети, да окупираат некоја држана инстуција,  да извршат напади врз касарната, полицијата и судот, објекти кои се  само на стотици метри ок каде се случиле престрелките.

Локално вчера објави дека има сознаија за 15 члена вооружена група која полицијата ја лоцирала во кумановско на која и се приклучиле локакни банди,  и затоа  се прават контроли, но официјални МВР не сакаше да ја потврди ниту демантира информацијата

веќе објавено ,

(ВИДЕО)Во Куманово полицијата во тежок судир со вооружени лица

Косовска вооружена група забележана во кумановскиот регион