Прекинати испораките на руски гас за Германија преку гасоводот „Јамал-Европа“

од Vladimir Zorba
427 прегледи

Цената на гасот во Европа на отворањето на тргувањето се искачи над 1.800 долари за 1.000 кубни метри гас првпат од почетокот на октомври, покажуваат податоците на лондонската берза „ICE“. Скокот се случи во позадина на најавата дека утрово е прекинат физичкиот проток на гас кон Германија преку гасоводот „Јамал-Европа“.

Вредноста на јануарските фјучерси според холандскиот TTF индекс на отворањето на тргувањето изнесуваше 1.803 долари за 1.000 кубни метри гас.

Како што се прецизира, цената на гасот скокна откако операторот за транспорт на гас „Гаскада“ објави дека започнале испораките на резервниот гас преку гасоводот „Јамал-Европа“ од Германија до Полска, откако денеска „Газпром“ одби да резервира капацитети за пумпање гас.

Цените на гасот значително се зголемија минатиот четврток, од минимум 1.450 долари на над 1.700 долари за илјада кубни метри. Ваквиот скок би можел да се поврзе со изјавите на шефот на германската Федерална мрежна агенција, Јохан Хоман, дека одлуката за сертификација на гасоводот „Северен тек 2“ најверојатно нема да биде донесена во првата половина на следната година.