Прекинуваат со традициите! Млади Корејци одбиваат да јадат кучешко

од desk3
96 прегледи

Фармерите во Јужна Кореја, кои одгледуваат кучешко месо за продажба, се пожалија дека бизнисот им паѓа. Причината – помладата генерација одбива да го јаде традиционалното за трпезата на Корејците кучешко, а големо влијание во последните години покажаа и критиките на меѓународните организации за заштита на животните.

20160427.poiljkdgul
Над 1.000 фирми за одгледување на кучиња за храна во Јужна Кореја минатата година се одгледани околу 2,5 милиони кучиња, чие месо се испорачува на продавници и ресторани. Тоа е пет пати помалку “производство” во споредба со 2005 година. Многу од земјоделците се жалат од сериозни финансиски загуби поради ослабувањето на интересот за овој тип месо.

Постарите жители на Јужна Кореја се уште тврдат дека кучешкото месо е специјалитет, но младите се повеќе се преориентираат кон друга храна. Во Сеул дури се појавија ресторани со натписи “Гарантираме дека не сервираме кучешко месо”.