Прекинувачите за горивото на „Боинг“ безбедни, вели регулаторот по првичниот извештај за несреќата на „Ер Индија“

од desk2
10 прегледи

Регулаторот на авионскиот сообраќај на САД – FAA – порачува дека прекинувачите за гориво на авионите на „Боинг“ се безбедни. Јавниот настап уследи откако прелиминарен извештај за авионската несреќа на „Ер Индија“ во Ахмедабад, Индија, однесе 260 животи посочи дека авионот загубил дотур на гориво, јави Би-Би-Си.

По објавувањето на прелиминарниот извештај на Оддел за истраги на воздухопловни несреќи на Индија (AAIB) во петокот, сите аналитичари се насочија токму на прекинувачите на гориво. Извештајот вели дека моторите на авионот Боинг 787-8 Дримлајнер се изгаснале кратко по полетувањето од аеродромот и порачува дека и порано FAA – Федералната администрација за авијација – сугерирале да се проверат прекинувачите.

Несреќата на летот 171 на „Ер Индија“ е една од најголемите авионски несреќи во последнава деценија.

Прекинувачите што го контролираат дотокот на гориво во моторите биле поместени од „погон“ во позиција „исклучено“, па авионот загубил потисок, вели прелиминарниот извештај на AAIB. Притоа, истражителите посочуваат на напомени на FAA од 2018 година, во кои операторите на моделите на „Боинг“ се поттикнуваат – но не им се наложува – да ги испитаат прекинувачите за гориво за да проверат дали тие не би можеле случајно да се поместат.

„Ер Индија“ не го сторила тоа, пишува прелиминариот извештај.

Од FAA велат дека го виделе прелиминарниот извештај на AAIB и велат дека во нивните напомени од 2018 година „се земаат предвид извештаи дека прекинувачите за протокот на гориво се монтирани со деблокирана функција на заклучување“, но велат оти тоа, според нив, не значи дека авионот е небезбеден.

„Иако дизајнот на прекинувачот за контрола на горивото, вклучително и функцијата на заклучување, се слични кај различни модели на Боинг, FAA не смета дека ова прашање значи и несигурна состојба што би ја оспорило Директивата за воздухопловност на кој било модел на Боинг, вклучително и 787“, порачува FAA во интерна белешка до која Би-Би-Си имал достап.

Слични содржини