Прекрасната Оливија Кулпо во проѕирен костим за капење (ФОТО)

од Elena Daskalova
375 прегледи

Оливија Кулпо позираше на Бали за новото издание на магазинот „Sports Illustrated“, но на Инстаграм сподели фотографии од „зад сцената“, покажувајќи како се забавува на плажа, облечена само во бел, проѕирен костим за капење.

Оливија се гордее со своето тонирано тело и не се плаши тоа да го покаже пред светот, па дури и кога се „валка“ во кал на плажите на Бали.

Секако, на оваа пресекси манекенка не ѝ е првпат да се појави во фотосесија за истиот магазин. Всушност, ова ќе биде нејзин третпат на насловната страница на нивното издание „Sports Illustrated Swimsuit“, што ќе излезе во 2020 година.

На ова патување таа замина од Лос Анџелес, а беше фотографирана со куфер на Луи Витон вреден 3.250 долари, како и чанта на Шанел од ококлу 7.000 долари.

 

Слични содржини