На денешната прес-конференција, премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со новиот Буџет на Министерството за економија за наредната година обезбедени се 385 илјади евра за мерки за поддршка на туризмот.
– Со над 1 милион евра го поттикнуваме развојот на претприемништвото и конкурентноста на малите и средни претпријатија, тие се моторот на нашата економија, изјави Ковачевски.
Тој додаде дека преку кофинансирање на трошоците за набавка на машини и алати, за женско претприемништво, овозможуваме во оваа криза да имаат одржливо производство, да инвестираат и да можат да прераснат во големи претпријатија.
Дополни и дека околу 530 илјади евра се наменети за Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествена одговорност, којашто опфаќа субвенции за претпријатијата, поддршка на лаборатории, зајакнување на организациите за поддршка на бизнисот.
Ковачевски вели, нашата држава изобилува со региони кои се вистинска туристичка атракција.
– Преку развојот на туризмот ја промовираме нашата земја. Со новиот Буџет на Министерството за економија за наредната година обезбедени се 385 илјади евра за мерки за поддршка на туризмот, изјави премиерот Ковачевски.