Премиера на првиот BMW X2 во Македонија

од desk4

Атрактивниот, возбудлив и екстровертен BMW X2 ја доживеа својата македонска премиера. Увозникот за BMW во Македонија и Косово, компанијата М Кар го претстави првиот BMW X2 автомобил.

Со дизајн кој зрачи со индивидуалност од секоја пора и спортски дух, BMW X2 поставува нови стандарди, додава импресивни перформанси и овозможува нови, досега неистражени нивоа на задоволство при возењето.

Премиерниот BMW X2 со својот фантастичен изглед остава впечаток од секој агол. Неговиот став на патот потсетува на спортски автомобил, спој на изразен профил, типичен за BMW X моделите со спортска отменост на купе. Две карактеристики на дизајнот посебно го привлекуваат вниманието: X2 ја менува препознатливата трапезоидна форма на предната маска која се проширува на краевите.

Дополнителниот BMW амблем на C столбовите упатува на омилениот детаљ на класичните BMW купеа, како што се 2000 CS и 3.0CSL, и уште повеќе го нагласува спортскиот карактер на BMW X2.

Карактеристичните детали вклучуваат лакови на тркалата со квадратест изглед, впечатливи издувни цевки и нагласени странични рабови, како и елегантна линија на покривот, мазни линии и прегледен стеснет прозорец.

BMW X2 е автомобил наменет првенствено за урбани луѓе кои водат активен живот и се целосно поврзани со дигиталниот свет. BMW X2 никогаш нема да го изневери својот уникатен карактер, тој е индивидуалист кој се издвојува од толпата. Згора на тоа, моделот M Sport X е достапен за прв пат и им овозможува на сопствениците да го персонализираат својот BMW X2 и направат уште поиндивидуален, изјави Билјана Колемишевска, на официјалната промоција.

Моделот располага со динамика преполна со моќ и ефикасност. Возачите може да очекуваат врвен квалитет вклучен како стандард..

Слични содржини