Премиерата на новиот BMW M2 е на 12 октомври (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
220 прегледи

Според официјалните најави, втората генерација на моделот M2 Coupe на BMW (означена со G87) ќе започне да се произведува на крајот на оваа година, а неговата премиера ќе се одржи на 12 октомври.

Како што стојат работите, новиот M2 Coupe ќе има 3.0-литарски шестцилиндричен твин-турбо мотор со 450 КС, избор од 6-брзински мануелен и 8-брзински автоматски менувач и погон на задните тркала.

Тоа значи дека новиот M2 нема да биде достапен со опцијата xDrive погон на сите тркала како што се споменуваше во некои гласини. Според некои медиуми, една од причините е тежината. Новата серија 2 е веќе потешка отколку што треба да биде автомобил со оваа големина, па BMW M не сакаше да додаде тежина на автомобилот.

Друга причина е што BMW M не сака M2 да влијае на продажбата на M4, и обратно. Ако M2 се нуди со xDrive, можеби ќе биде премногу сличен на M4 xDrive, што потоа би ја канибализирало продажбата, на овој или оној начин.

Надвор од тоа, BMW сака следната генерација на M2 да биде вистински автомобил за возачот, без товарот на погонот на четири тркала.

Исто така, новиот BMW M2 Coupe ќе има поагресивен аеро каросериски пакет, опционален покрив од карбонски влакна, тркала М (од 19 и 20 инчи), задни светла со OLED графика, спортски издувен систем, спортска суспензија, електронски контролиран М диференцијал, посилни сопирачки, спортски седишта и спортски волан.

Моментално споменатите бои вклучуваат Зандворт сина, Торонто црвена, бела, црна и Бруклин сива.

Производството на новиот М2 ќе се одвива во фабриката на BMW во Сан Луис Потоси во Мексико, заедно со новите Серија 2 Coupe и Серија 3.

Слични содржини