Премиерката на Данска се огласи по повод прислушувањето

од Stefanija Kuzmanovska
340 прегледи

Данската премиерка Метe Фредериксен проговори за големиот скандал со масовната шпионажа врз европски политичари, велејќи дека не верува дека улогата на нејзината земја во надзорот кој го вршела Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА) ги нарушила односите на Данска со сојузниците од ЕУ.

„Мислам дека не е коректно да се каже дека има потреба од обновување на односите со Франција или Германија. Ние имаме постојан дијалог, а го имаме и во врска со разузнавачките прашања“, изјави Фредериксен за локалните медиуми.

Изјавата доаѓа откако беше објавено дека Данска ѝ овозможила на Агенцијата за национална безбедност на САД да ги шпионира земјите на ЕУ и нивните лидери преку нејзините подводни интернет кабли.

И покрај изјавите на Фредериксен, и Франција и Германија сметаат дека прислушувањето на сојузниците е неприфатливо и бараат целосно и јасно објаснување што се случило.

Слични содржини