Премиерката на Италија: Поканувањето на Зеленски во Париз е несоодветно

од Stefanija Kuzmanovska

Поканувањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски во Париз, каде што се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, е несоодветно, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

„Верувам дека нашата сила е во заедништвото и единството. Но, има моменти кога фаворизирањето на внатрешното јавно мислење ризикува да биде на штета на целта, и се чини дека ова е еден од тие случаи“, рече Мелони во Брисел.

По посетата на Лондон и Париз, Зеленски денеска пристигна во Брисел за да побара од европските лидери дополнително оружје и брз почеток на преговорите за членство на Украина во ЕУ.

Шефот на италијанската дипломатија Антонио Тајани вчера изјави дека Мелони ќе се сретне со Зеленски на маргините на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел, што се одржува денеска и утре.

Мелони смета дека помагањето на Украинците е најдобриот начин да се постигне мир.

Слични содржини