242
Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, денеска пред пратениците во Парламентот изјави дека ја препознава историската промена во безбедносната политика на земјата која се подготвува да поднесе барање за членство во НАТО.
„На Шведска ѝ се потребни оние формални безбедносни гаранции кои доаѓаат со членството во НАТО“, рече Андерсон, додавајќи дека Шведска работи заедно со соседна Финска, пренесе АП.
Собраниската расправа за влез во НАТО се очекува да биде формалност бидејќи има јасно мнозинство пратеници за влез на Шведска во Северноатлантската алијанса.