Премиерот ја посочи главната причина за загадениот воздух и најави прочистување за 3-4 години

од Nikola Popovski
86 прегледи

За проблемите со големата загаденост на воздухот во државата и обвинувањата од опозицијата дека не се преземени мерки, премиерот Христијан Мицкоски вели дека „шокира пораката од опозицијата, бидејќи седум години камен на камен не ставија“.

-Ако се зафатија да работат нешто, тогаш можеби ќе беше поинаку и до ова немаше да дојде. Ние работиме интензивно и најголемиот фактор за загадување е тоа што системот и начинот на кој се затоплуваат домовите, се уште користи дрва и се останато, како масло, паркет, стари плакари…Тоа е отприлика 60% од причините зошто имаме загадување и висока емисија на ПМ2 честички. Тоа не се решава преку ноќ и бидејќи ништо не е направено, сме во потрага на партнери кои што на основа на пазарни услови, а не привилегирани, заеднички со Владата ќе вложат во систем на затоплување на домовите кој што ќе биде резултат на согорување на природен гас, односно когенеративни централи кои ќе произведуваат и електрична енергија и гас. Имаме во план да направиме неколку и на тој начин цениме дека барем за 60% ќе биде намалено загадувањето. Почнуваме тоа да го развиваме, кажа претседателот на Владата, нагласувајќи дека „можеби за 3-4 години од денес ќе биде исчистен воздухот“.

Според него, чудо и магија не постојат, туку ова е единствениот начин.

-Тоа нема да биде денеска или следната недела да биде исчистен воздухот. Денес ако го почнеме и работиме, а веќе го развиваме, резултатите ќе ги очекуваме за 3-4 години. За жал, изминативе седум години ништо не направија, повтори Мицкоски.

Слични содржини