ПРЕМИЕРОТ НА БАВАРИЈА: Ако сега го укинеме локдаунот, за 2-3 недели ќе ни биде полошо од претходно

од Nikola Popovski
244 прегледи

Премиерот на сојузната германска покраина Баварија, Маркус Зедер, смета дека новото заклучување на земјата не треба да биде укинато уште, бидејќи ситуацијата со коронавирусот потоа брзо ќе се влоши.

Зедер зборувал пред виртуелната средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и лидерите на 16 германски сојузни држави во средата, на која ќе се разговара дали од 15-ти февруари треба да се олеснат рестриктивните мерки или локдаунот воведен во средината на декември.

„Мислам дека, во основа, заклучувањето ќе мора да се продолжи засега. Нема смисла да се отвори сè сега и да се влоши ситуацијата за 2-3 недели отколку што беше порано“, рече Зедер.

Тој предупреди дека на Германија и се заканува третиот бран, ако сега се направи грешка.

Тој исто така спомена дека разбира дека граѓаните се под стрес поради изречените мерки, но вели дека коронавирусот е опасен ривал. „Се плашам дека ќе има трет бран ако сега направиме грешки“, предупреди тој.

Од почетокот на пандемијата во Германија, според сајтот „worldometers“, регистрирани се над 2,2 милиони случаи на коронавирус, додека повеќе од 62 000 луѓе починале како резултат на оваа инфекција.

Слични содржини