309
Премиерот на Естонија Јури Ратас денеска соопшти дека поднесува оставка, откако беше отворена истрага за финансирање на проект за развој на имот во главниот град Талин.
Портпарол на премиерот, Лиза Пол, изјави дека тој денес ќе ја предаде оставката на претседателката Керсти Каjулаид, по што таа ќе му предложи нов премиер на парламентот, пренесува „Ројтерс“.
Порталот Би-Ен-Ес објави дека Ратас донел одлука за оставка по состанокот на раководството на неговата лево ориентирана естонска партија, што заврши доцна синоќа.
Порталот наведува дека партијата се смета за осомничена во кривичната истрага за финансирање, но Ратас негира дека знае нешто за тоа.