247
На Јапонија ќе ѝ треба време постепено да го укине увозот на руска нафта, изјави денеска премиерот Фумио Кишида по онлајн состанокот на Групата седум најразвиени земји (Г7).
На состанокот во неделата, земјите од Г7 ветија дека ќе забранат или целосно го прекинат увозот на нафта од Русија, без да наведат точно какви обврски презеле секоја од членките Германија, Канада, САД, Франција, Италија, Јапонија и Велика Британија, пренесува „Ројтерс“.
„За земја која е силно зависна од увоз на енергија, тоа е многу тешка одлука. Но, координацијата на Г7 е клучна во вакви времиња“, рече Кишида.