371
Премиерот на Луксембург, Гзавие Бетел е позитивен на Ковид-19, има благи симптоми и ќе биде во самоизолација 10 дена, соопшти денеска владата на Луксембург.
Бетел (48) се тестирал и резултатот бил позитивен, за да биде потврден со дополнителен ПЦР-тест.
Премиерот во моментов покажува благи симптоми (треска, главоболка) и ќе продолжи да ги извршува своите должности и функции онлајн, се наведува во соопштението на неговиот кабинет.
Бетел учествуваше на дводневниот самит на ЕУ во Брисел оваа недела, на кој учествуваа францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и други европски лидери.
Фото: © SIP / Yves Kortum