Премиерот на Луксембург примен во болница поради коронавирус

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, кој беше тестиран позитивно на коронавирусот на 27 јуни, беше примен утрово во болницата, пренесе Гардијан, повикувајќи се на РТЛ.

Како што се наведува, за него се направени дополнителни тестови и анализи, и како претпазливост тој ќе остане под медицински надзор 24 часа, освен ако лекарите не препорачаат поинаку.

Бетел бил тестиран на Ковид-19 на 27 јуни, а потоа било објавено дека има благи симптоми и дека ќе биде во самоизолација 10 дена.

Бетел (48) се тестираше и резултатот беше позитивен, а беше потврден со последователен ПЦР тест.

Слични содржини