144
Средствата на Европскиот мировен фонд, кои се користат за финансирање оружје за Украина, ќе изнесуваат најмалку 3,5 милијарди евра во наредните години, изјави денеска полскиот премиер Матеуш Моравјецки на самитот на лидерите на земјите-членки на ЕУ во Брисел.
„Полската компензација за капацитетите за трансфер на оружје во Украина ќе изнесува околу 300 милиони евра следниот месец, а меѓу 500.000 и еден милион евра во следните месеци“, рече Моравјецки, пренесе „Ројтерс“.
Претходно оваа недела тој објави дека Полска ќе побара дополнителни 240 милиони евра од фондовите на ЕУ за рефинансирање на воените набавки за Украина.