Премиерот на Шри Ланка, Ранил Викремесинге се согласи да поднесе оставка откако партиските лидери во парламентот побараа тој и претседателот Готабаја Раџапакса да се повлечат, пренесе АП.
Портпаролот на премиерот Динук Коламбага изјави дека Викремесинге им пренел на партиските лидери дека ќе поднесе оставка откако сите партии ќе се согласат за формирање на нова влада.
Неговата одлука дојде по најголемиот протест да ја погоди Шри Ланка досега и кога илјадници демонстранти ги пробија барикадите и влегоа во резиденцијата и канцеларијата на Раџапакса за да го истурат својот гнев против лидерот што го сметаат за одговорен за најтешката економска криза во земјата.
Војниците и полицијата не можеа да ги задржат демонстрантите кои ги пробија тешките метални врати , објави Ројтерс.
Претседателот е преместен на безбедна локација, јавуваат медиумите, а видео кое кружи на социјалните мрежи покажува како стотици луѓе шетаат низ резиденцијата, додека некои од нив скокаат во базенот.
Безбедносните сили се обидоа да ги растераат демонстрантите кои го преплавија административното седиште во Коломбо.