291
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, изјави дека таа земја нема да обезбеди воена помош за Украина.
„Ја поддржуваме хуманитарната и цивилната помош за Украина – тоа ќе биде официјалната политика на мојата влада. Нема да ѝ испорачаме оружје на Украина“, нагласи Фицо на средбата со пратениците.
Тој исто така рече дека Европската унија треба да се трансформира од снабдувач на оружје за Киев во миротворец.
Фицо од вчера и официјално стапи на должноста премиер на Словачка.