“Премрзнати сме , но среќни” – студентите продолжуваат со окупација на универзитетите

од desk3
128 прегледи

studenti plenum2

Со зборовите „премрзнати, но среќни“, студентите на Битолскиот универзитет продолжуваат со окупацијата на факултетите. Ректорот на битолскиот универзитет изјави дека го исклучувал парното за студентите бидејќи штедел нафта, и ги повика да си донесат греалки од дома ако сакаат да се згреат.

Окупацијата на универзитетите продолжува ширум земјата по последните разговори на студентскиот пленум со ректорот на унивезритетот Св. Кирил и Методиј и преставниците на Владата, бидејќи студентите велат не ја гледаат јасно намерата на власта да донесе нов Закон за високо образование и да го укине државниот испит.